АктуелноСветски првенстваТаеквондо

Душица Бреслиева во 16 најдобри таеквондиски на Светското првенство за јуниори

Репрезентативката Душица Бреслиева, членка на Таеквондо клубот Штип, на Светското првенство за јуниори во Ташкент, Узбекистан, забележа две големи победи против претставничките на Сенегал и Тунис и минимален пораз од квалитетната натпреварувачка од Русија и влезе во најдобрите 16 во светот.

„Ова е голем резултат за македонскиот спорт за спортот во Штип, а особено за македонското таеквондо.

Иако сме уште почетници во овој убав реален таеквондо спорт, благодарение на големата поддршка од Македонска таеквондо федерација, вклучително претседателот, сите тренери и сите судии, кои придонесуваат на секој можен начин за нашиот брз напредок и заеничка цел на сите е омасовување на таеквондото и освојување на олимписко злато“, велат тренерите Сашко и Жарко Арсовски.

Тие жалат што Душица не се вмеша во борбата за медал, бидејќи прикажала квалитетни борби. Но не ги напушта оптимизмиот и веруваат дека таа во наредните настапи ќе нè израдува со медал.

Резултати Светско првенство за јуниори:

– 55 кг
Душица Бреслиева – Ава Дијало (Сенегал) 2-0 (12-0, 6-6*)
Душица Бреслиева – Јасмине Хауани (Тунис) 2-0 (7-5, 1-0)
Душица Бреслиева – Аминат Рамазанова (Русија) 0-2 (0-3, 0-11)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON