Седум медали за македонската репрезентација во кинеско борење на Европското првенство во Скопје

Викендов во Скопје (април) се одржа Европското првенство во кинеско борење – шуи џијао 2026, при што македонските репрезентативци освоија 7 медали – 3 сребрени и 4 бронзени.
Постигнати резултати на македонската репрезетација на Европското првенство:
Благоја Свинарски – сребрен медал
Елвир Бајрами – сребрен медал
Леа Стојковска – сребрен медал
Марко Станчев – бронзен медал
Благоја Пандовски – бронзен медал
Бранислав Поповиќ – бронзен медал
Димитар Качурков – бронзен медал
Матеј Перовски, 4-то место
Тренер на македонаската репрезентација беше д-р Страшо Глигоров.

Во екипна конкуренција, првoто место го освои репрезентатицајата на Италија, второто мeсто Франција, а третото Босна и Херцеговина.
За најдобар техничар во конкуренција за мажи беше прогласен Симоне Салваторе од Италија, додека најдобар техничар во конкуренција за е прогласена Марија Павлиќ од Босна и Херцеговина.
На ЕП учествуваа на тимовите на Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Турција и Македонија.
Технички организатор на Европското првенство беше Полицискиот спортски клуб за кинеско борење „7 Мај“ шуи џијао Скопје, коорганизатор беше Полициски боречки клуб Безбедност, додека соорганизатор беше Општина Карпош.
На шампионатат беше присутен и г-нот Антонио Лангијано, претседател на Европската унија шуи џијао (ЕСЈУ).



