АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Катерина Ацевска ќе ги одмери силите со елитата во џиу џицу на Гранд при Париз опен

Катерина Ацевска и тренерот Александар Ацевски заминаа за Франција каде што таа ќе настапи престижниот сениорски турнир во џиу џицу Гранд при Париз опен.

Мерењето е денес, а борбите се утре.

Ацевска ќе има голема и тешка конкуренција во борбата за распределбата на медалите.

Во нејзина категорија се:

  1. Агри Чарлин – Франција
  2. Дорт Шерли – Франција
  3. Фати Натали – Франција
  4. Фриче Виола – Германија
  5. Хермансен Лаура – Данска
  6. Новар Ноеми – Франција
  7. Сандер Лота – Германија
  8. Шварзенбарт Ема – Австрија

Федерацијата им посакува многу успех со надеж дека повторно ќе ја израдуваат Македонија како безброј пати досега.

Како што изјави и селекторот пред заминувањето, Катерина се чуствува подготвено и подготвена да излезе на татамите. Нејзината физичка и психичка кондиција се на високо ниво и останува уште денес да се помине мерењето и со Господ напред утре да се започне походот кон пиедесталот. Исто така искажа благодарност до Федерацијата и Министерството за спорт за целата помош и поддршка за реализација на овој турнир.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON