
На големиот Меѓународен џудо турнир во Аминтео, Грција, натпреварувачите од Џудо клубот Работнички од Скопје освоија три медали – златен, сребрен и бронзен.
Медали освоија:
Арслан Факиќ – златен
Зејд Факиќ – сребрен
Берин Хисени – бронзен

На турнирот учествуваа повеќе од 300 џудисти од повеќе клубови и држави. Турнирот помина во одлична спортска атмосфера, со многу квалитетни борби, дружење и стекнување ново искуство за младите спортисти.
„Нашите џудисти покажаа голема борбеност, дисциплина и спортски дух, претставувајќи го својот клуб, град и држава на најдобар можен начин. Ваквите меѓународни турнири се големо искуство и мотивација за идни успеси и напредок во спортот“, велат од Работнички и додаваат:.

„Им честитаме за настапот и им посакуваме уште многу медали, победи и успеси на следните натпревари“.



