Џиу џицу репрезентацијата освои 16 медали на „Лозница опен“

Одличен успех на џиу џицу репрезентацијата на Меѓународниот турнир „Лозница опен“ во Србија, освоени се 16 медали – 7 златни, 5 сребрени и 4 бронзени, а 7-мо место во генерален пласман од 27 екипи.

Медалите ги освоија:
Марија Треневска – злато борби, сребро БЏЏ
Ана Ацевска – злато и сребро борби
Дамјан Белевски – злато и сребро борби
Тони Трајковски – злато борби, бронза БЏЏ
Стефан Гериќ – сребро БЏЏ
Јован Николиски – злато борби
Матеј Нофитов – злато борби
Данил Николиски – сребро борби
Јован Шишков – бронза борби.

Многу борби, многу медали и многу искуство за натпреврувачите кои што уште еднаш покажаа карактер, желба и решителност. Натпреварувачите што покажаа физичка и психичка подготвеност да излезат на борилиштата и да дадат се од себе за достојно претставување на државата и на федерацијата“, истакнуваат од Македонската џиу џицу реперезентација.





