Лорд купот се одржува во сабота за каратисти до 11 години

Во сабота во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во Скопје ќе се одржи 51-от карате натпревар за деца „Лорд куп“. Турнирот е со поразлична концепција од вообичаените карате натпревари, но резултатите се идентични.
Организаторот КК Аердом потенцира дека е препорачливо пријавувањето да заврши до 21 мај (четврток).
Од КК Аердром потсетуваат дека од 10 часот почнува цртањето со креди во боја, а во 11 часот церемонијата на отворање. Потоа следуваат изведбите на кати, прво екипите, па помалите и на крај поголемите каратисти.
Жири комисијата ќе биде составена од реномирани неутрални лица. Во досегашните одржани купови во жирито биле Чоревски, Џокси, Цветин, Владо Дојчиновски, Гоце Тодоровски, Пејчиќ, тенорот Сотиров, професор Шоптрајанова, Запров, бројни каратисти итн.

„Крајот на настанот се предвидува околу 13 часот, по што, како тренер на клуб учесник, сте поканети на пријателски ручек во ресторанот Т’га за југ кој е во непосредба близина“, посочуваат од Аердром..
Ќе додадеме дека се натпреваруваат каратистите на возраст до 11 години и ќе изведуваат единствено ученички кати во поединечна и екипна конкуренција. Најдобрите ќе бидат наградени со медал и оскар.
Секој учесник, како што е вообичаено на настан во организација на Карате клубот Аеродром од Скопје, ќе добие ужинка, учесничка диплома, тетратки, налепници…
Овогодишната налепница е посветена на македонскиот бронзен печат од пред 12.000 години на кој стои напишан текст: „Ѕирна, ми ним, тие нам“.




