АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Марјан Зиков прмовиран во БЏЏ црн појас од искусниот инструктор Марк Хобс

По повод јубилејната петгодишнина од своето постоење, клубот Флоу џиу џицу-Скопје во периодот од 25 до 27 април беше домаќин на ексклузивен семинар и мастер-клас со гости од Кинетикс фајт академијата (Kinetics Fight Academy) од Англија.

Настанот опфати повеќе боречки дисциплини на високо професионално ниво:

-бразилско џиу џицу,
-граплинг,
-ММА борење,
-ММА,
-како и традиционалниот систем на самоодбрана винг чун.

„Членовите на клубот имаа ретка можност да тренираат и учат од реномирани интернационални инструктори и професионални борци, при што беа споделени современи методи на тренинг, технички детали и концепти од највисоко ниво“ велат од клубот и додаваат:

Семинарот претставува уште еден значаен чекор во развојот на Флоу џиу џицу-Скопје и дополнително го зацврстува стандардот и правецот во кој се движи клубот“.

Во рамки на настанот, главниот тренер Марјан Зиков беше промовиран во БЏЏ црн појас од страна на Марк Хобс.

Оваа промоција во црн појас претставува голем чекор по речиси 12 години континуирана работа и развој во спортот бразилско џиу џицу— од ученички и натпреварувачки денови, до создавање академија и развој на нова генерација натпреварувачи. Особено значење има фактот што признанието доаѓа од инструктор со висок меѓународен кредибилитет и докажано влијание во светот на боречките спортови.

„Со оваа промоција, Флоу Џиу џицу Скопје станува првата академија во Македонија со активна и директна интернационална инструкторска линија и програма поврзана со меѓународен систем и стандарди“, истакнуваат од клубт.

Марк Хобс е инструктор со долгогодишно искуство и тренер од чии редови произлегуваат професионални борци и натпреварувачи на највисоко ниво, додека неговиот пристап и длабочината на знаење оставија силен впечаток кај сите присутни.

Гостин на семинарот беше и Том Грин — професионален ММА борец и долгогодишен студент на Марк Хобс, кој во својата кариера настапувал на високо меѓународно ниво и тренирал со дел од најпознатите светски ММА имиња.

Дополнителен придонес на настанот даде и Монти Хобс, млад професионален ММА борец чија кариера е во постојан подем.

Јубилејната петта година од своето постоење, Флоу џиу џицу-Скопје ја заокружи на 18 мај со традиционалниот годишен клубски натпревар, каде по искуство помладите членови ги демонстрираа своите способности и потенцијал за понатамошен развој и конкурентност на меѓународната натпреварувачка сцена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON