АктуелноЕвропски првенстваКарате

Недим Шаќири ќе се бори за бронзен медал на Европското карате првенство за сениори

Недим Шаќири во сабота ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија.

Шаќири ја искористи укажаната шанса во репасажот и го совлада Шпанецот Толоса Унаи Чика (Шпанија) 4-1, а во сабота за бронзата ќе се бори со Цотне Сордија од Грузија.

Во борбата со финалистот Кесенос загуби на прв освоен поен при нерешен резултат 1-1.

На ЕП настапуваат 599 каратисти со 492 натпреварувачки влезови од 50 држави.

Резултати Европско превенство – Франкфурт:

Жени
-50 кг
Ива Пецевска – Ирене Конту (Кипар) 1-9

Женскиот кумите тим
Македонија – Германија

Мажи
-60 кг
Недим Шаќири – Селдин Вејо (Босна и Херцеговина) 7-6
Недим Шаќири – Кристос Стефанос Ксенонс (Грција) 1-1
Репасаж
Недим Шаќири – Толоса Унаи Чика (Шпанија) 4-1
За бронза
Недим Шаќири – Цотне Сордија (Грузија)

Машки кумите тим
Македонија – Словачка

Женски ката тим
Македонија – Чешка 0-7

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON