Машкиот кумите тим ги продолжува борбите на ЕП, женскиот чека шанса за репасаж

Вчера доцна настапија кумите тимовите на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија, при што машкиот тим извојува победа против Словачка.
Денес против тимот на Данска ќе бори за пласман во четвртфиналето.

Женскиот кумите тим загуби од Германија 0-2, но има шанси да се бори во репасажот, затоа што германскиот тим се пласира во полуфиналето каде што ќе ги одмери силите со Австрија.
Ќе потсетиме дека Недим Шаќири во категоријата до 60 килограми обезбеди меч за бронзен медал во сабота.
Недим Шаќири ќе се бори за бронзен медал на Европското карате првенство за сениори
На ЕП настапуваат 599 каратисти со 492 натпреварувачки влезови од 50 држави.
Резултати Европско превенство – Франкфурт:
Женскиот кумите тим
Македонија – Германија 0-2
Машки кумите тим
Македонија – Словачка 2-2
Македонија – Данска



