АктуелноДомашна сценаКарате

Златен викенд за македонскиот карате тим во Мајами, Флорида

Изминатиот викенд во Мајами, Флорида, се одржа престижниот Меѓународен карате турнир „Мајами опен карате шампионата 2026“, кој собра натпреварувачи од повеќе држави и карате клубови од САД и пошироко. Турнирот претставува еден од најсилните и најпосетени карате настани во регионот, со високо ниво на организација, квалитетни натпревари и силна меѓународна конкуренција.

Меѓу учесниците повторно беше претставен и клубот ММА (Милошевски маршал артс), предводен од македонскиот светски карате судија Дејан Милошевски, кој продолжува активно да ја претставува карате федерацијата на САД на американската и светската карате сцена.

Особено внимание привлекоа младите натпреварувачки Бони и Сиена, кои со одлични настапи повторно успеаја да се искачат на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Бони освои прво место во кати и борби, овојпат во повисока категорија каде што се натпреваруваше против натпреварувачи со црни појаси, иако таа сè уште има ученички појас. И Сиена се закити со златен медал и прво место во кати во својата категорија, потврдувајќи ја континуираната работа, дисциплина и напредок на клубот.

„Секој настап за нас е повеќе од спортски резултат – тоа е чест и одговорност да го носиме и браниме македонското име далеку од татковината. Македонија живее во секој наш успех, во секое развиено знаме и во секој момент кога со гордост стоиме на победничкиот пиедестал,“ истакна Милошевски.

Тој додаде дека за жал, и покрај долгогодишните континуирани резултати и меѓународни успеси, Карате федерацијата и институциите во Македонија сè уште не покажуваат доволно интерес да ги препознаат и вреднуваат овие достигнувања. Како потсетување, токму овој тим ги донесе и првите панамерикански медали за Македонија, успех кој исто така остана без соодветно признание и внимание во татковината.

Со овие резултати, уште еднаш беше покажано дека љубовта кон Македонија нема граници и дека македонскиот спортски дух продолжува да остава силен белег и на светската карате сцена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON