Џастин Гејџи му се закани на Топурија: Ќе му го смачкам лицето!
Џастин Гејџи упати строго предупредување до Илија Топурија пред нивната пресметка на УФЦ Фруидом 250.
Тие ќе се соочат на 14 јуни на главниот настан на историската гала вечер во Белата куќа, каде што привремениот шампион Гејџи ќе се обиде да ги обедини титулите во лесна категорија против непоразениот Топурија.
Џастин Гејџи е познат по својот брутален стил и спектакуларните борби, а сега ветува уште една крвава претстава.
„Ќе му го смачкам лицето како што секогаш правам со сите мои противници“, изјави Гејџи за Гринд сити медија.
Американецот призна дека најопасната верзија од себе се појавува по поразите.
„По поразите, јас сум многу поопасен отколку по победите. Тоа е човечката психа“.
Гејџи продолжува да го користи тешкиот нокаут од Макс Холовеј на УФЦ 300 како главна мотивација.
„Тренирам со мислата дека штотуку ме нокаутираше Макс Холовеј“.
Иако после тоа забележа две победи, верува дека УФЦ постојано го соочува со новиот бран борци.
„Се обидуваат да се ослободат од мене. Ми даваат млади и борци во подем, но јас секој пат ги запирам “.
Во последниве години Џастин Гејџи остави зад себе крвави имиња како Педи Пимблет, Мајкл Чендлер, Рафаел Физиев и Тони Фергусон.
Сега се соочува со можеби најтешкиот предизвик досега – непоразениот Илија Топурија.
„Тој е неверојатен борец, но имам одличен тренер и ќе имаме совршен план за борба“.



