АктуелноБоксОстанато

Форбс: Роналдо повторно број 1, Канело меѓу најплатените спортисти во светот

Списанието „Форбс“ ја објави годишната листа на 50 најплатени спортисти во светот, а Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата.

Португалската фудбалска ѕвезда, која моментално игра во Саудиска Арабија, е на врвот на листата со проценета заработка од 300 милиони долари за годината.

На второто место е мексиканската боксерска суперѕвезда Сол Алварез-Канело, кој според рангирањето заработил 170 милиони долари. Најголемиот дел од сумата доаѓа од неговата борба против Теренс Крафорд, која привлече огромен интерес низ целиот свет.

Интересен момент во рангирањето е што и покрај учеството во оваа голема борба, Теренс Крафорд не е меѓу 50-те најплатени спортисти според „Форбс“.

Меѓу борците место наоѓа и Џејк Пол, кој е рангиран на 23-то место. Американецот заработил околу 70 милиони долари, а најмногу за ова придонесе неговата позната борба против Ентони Џошуа.

Рангирањето уште еднаш покажува колку сериозно присуство имаат боречките спортови меѓу најпрофитабилните дисциплини во светот.

Топ 25:

Форбс – 50 најплатени спортисти во светот (2026)

Кристијано Роналдо — 300 милиони долари.
Сол  Алварез-Канело — 170 милиони долари.
Лионел Меси — 146 милиони долари.
Леброн Џејмс — 137,8 милиони долари.
Шохеи Охтани — 127,6 милиони долари.
Стеф Кари — 122,5 милиони долари.
Карим Бензема — 116 милиони долари.
Јанис Антетокумпо — 110 милиони долари.
Дак Прескот — 108 милиони долари.
Килијан Мбапе — 104 милиони долари.
Џон Рам — 102 милиони долари.
Кевин Дурант — 101 милион долари.
Луис Хамилтон — 100 милиони долари.
Рори Мекилрој — 84 милиони долари.
Патрик Махоумс — 81 милион долари.
Нејмар — 76 милиони долари
Александар Усик — 74 милиони долари.
Ламар Џексон — 72 милиони долари
Ерлинг Холанд — 71 милион долари.
Винисиус Јуниор — 70 милиони долари.
Мохамед Салах — 70 милиони долари.
Џејк Пол — 70 милиони долари
Ентони Џошуа – 69 милиони долари
Тајгер Вудс — 62 милиони долари.
Девин Букер — 60 милиони долари.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON