Македонската кик бокс репрезентација ќе атакува на нови одличја на Балканското првенство во Нови Сад

Македонија на Блаканското кик бокс првенство ќе настапи со 78 натпрварувачи, вкупно нашата експедиција брои 108 члена. Тие ќе се натпреваруваат во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција во дисциплините на татами и на ринг, во машка и во женска конкуренција.
Првенството се одржува во Нови Сад, Србија, а почнува денес и ќе трае до 31 мај.
На шампионатот ќе учествуваат 281 кикбоксер со 290 натпреварувачки влезови од 6 држави.
„Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија на ова значајно регионално натпреварување најголемиот дел од трошоците ги покрива самостојно, но вредно е да се иистакне дека овојпат во реализацијата симболично ни помогна и Министерството за спорт“, истакнуваат од Федерацијата.
Македонската репрезентација ќе настапи со натпреварувачи, тренери, судии и службени лица од 21 клуб од државата.
Македонската репрезентација ќе ја предводи претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, кој воедно ја извршува и функцијата претседател на ВАКО Балканската федерација.

Во составот на репрезентацијата се вклучени претставници од следните клубови:
– Шампион – Скопје (16)
– Енерџи – Битола (8)
– Гладијатор фајт– Штип (3)
– Патриот – К.Паланка (5)
– Аждер – Гевгелија (3)
– Куманово 2006 – Куманово (3)
– Будо – Кавадарци (8)
– Предатор – Куманово (3)
– Самурај – Битола (5)
– Арена – Струмица (2)
– Гладијатор – Скопје (7)
– Про Кик Фемили – Скопје (8)
– Феникс – Росоман (5)
– Наско тим – Скопје (3)
– Зоран Тим – Струмица (1)
– Лидер – Виница (4)
– Ронин – Прилеп (4)
– Адреналин – Радовиш (2)
– Комбат – Радовиш (1)
– Адора – Скопје (4)
– Бобан Илиоски – Скопје (5)
Репрезентацијата брои вкупно 108 учесници, од кои:
– 4 судии
– 18 тренери
– 86 натпреварувачи
Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, пред заминувањето за Нови Сад изјави дека очекува успешен настап и голем број медали од македонските натпреварувачи.
„Очекуваме многу медали и достојно претставување на Македонија. На сите наши борци им посакувам успех, добри борби и добри ждребови. Верувам во нивниот квалитет, подготвеност и борбен дух“, изјави Митровски.
Настапот на Балканското првенство претставува продолжение на континуираните активности на федерацијата за афирмација на македонскиот кик бокс на меѓународна сцена, како и можност за стекнување меѓународно искуство, спортска афирмација и остварување врвни резултати.
Од репрезентацијата се очекува достојно претставување на Македонија и борба за највисок пласман во повеќе возрасни и тежински категории.



