Ислам Махачев со прогноза за мечот Топурија – Гејџи

Шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Ислам Махачев, ги кажа своите очекувања за претстојната борба меѓу Илија Топурија и Џастин Гејџи, која ќе биде главна на УФЦ Фридом 250 и ќе го одреди новиот шампион во лесна категорија.
Махачев не го потцени Гејџи, но призна дека според него, младоста и моменталната форма му даваат предност на Топурија.
„Секако, не би го отпишал ниту Гејџи – тој е многу искусен и секогаш опасен. Но, Топурија е помлад. Ќе биде одлична борба за навивачите. Не мислам дека ќе се донесе одлука и повеќе сум склон да верувам дека Топурија ќе победи“, изјави Махачев за УФЦ Евроазија.
Русинот ги коментираше шпекулациите околу потенцијалната идна борба меѓу него и Топурија – тема за која активно се дискутираше во последните месеци.
„Се зборува многу за оваа борба. Но, самиот Топурија знае, како и неговиот тим, зошто борбата меѓу нас во Белата куќа не успеа“, рече Махачев.
Неговите зборови веднаш предизвикаа нови дискусии меѓу навивачите дека борбата меѓу двајцата е навистина блиску до тоа да се случи.



