Катерина Ацевска е број 1 на светската ранг-листа во џиу џицу

Катерина Ацевска од денес го презеде светскиот трон во џиу џицу фајтинг во сениорска конкуренција над 70 килограми. Ацевска е водечка на ранг-листата на Светската џиу џицу федерцаија со 1006, 26 бода, пред Ема Лете од Шведска со 948,75 и Ања Гуерцке од Германија со 700 поени.
За Ацевска останаа 70 натпревраувачи од 30 држави.

„Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи. Една цела младост…
Овој резултат доаѓа после многу поминати турнири, после многу освоени медали. Учества и освојување на медали на светски првенства, учества и освојување на медали на европски првенства, гранд при турнири, балкански првенства“, велат од Македонската џиу џицу федерација и додаваат:
„Не застануваме тука, ќе се обидеме што подолго да го задржиме првото место. Ова ќе биде голем мотив за нас, но и обврска уште појако да го одиме овој пат наречен џиу џица. Тоа е нашата мисија, тоа е нашиот живот“.
Федерацијата изразува голема благодарност до сите тренери што работат со Катерина и од земјава и од странство, до сите нејзини асистенти и спаринг партнери, како и до Министерството за спорт за финансиската помош што ја дава за Катерина и за клубот каде што тренира. За отворените врати и разбирањето од вработените.



