Станков: Државното првенство беше на повисоко ниво, боксерките воодушевија, а Дисциплинската комисија брзо да реагира за инцидентите

Вчера заврши Државното поединечно првенство во бокс кое се одржа во Скопје во салата на ФФК „Македонски херои“, а клубот организатор на шампионатот БК Аперкат изразува задоволство од прикажаното во рингот, но и од организираноста.
Првиот човек на клубот Оливер Станков вели дека првенството во техничка смисла било подигнато на едно повисоко ниво, како што е на сите големи турнири, видео приказ на судиското бодување за секоја рунда. Тој изразува голема благодарност кои помогнаа така да изгледа првенството, како натпреварувачите, тренерите, судиите, делегатите, Боксерската федерација, Министерството за спорт, компаниите, вработените во салата и доброволците од БК Аперкат.
Од друга страна, ја нагласува првата женска борба на државно првенство, како што вели „тоа е почеток на развивање на женскиот бокс“.
„Матеја Илевска (Ронин 24) и Софија Станковска (Аперкат) во категоријата до 66 килограми во младинска конкуренција прикажаа извонреден бокс кој наиде на воодушевување кај присутните во салата. Поведата и припадна на Илиевска (5-0 ТКО Р2)“, истакнува Станков.

Задоволен е и од настапот на нивниот боксер Никола Тасевски кој се бореше со Тарик Весели од Чаир (65-70 кг, младинци) и извојува победа.

Станков информира дека се оддржало вонредно Собрание на Македонската боксерска федерација, при што било заклучено да се следи развојот на боксерите, и со помош на тренерите да се унапредат нивните вештини за успешни настапи на меѓународната сцена. Меѓу другото, било заклучено да се заострат дисциплинските мерки во насока на намалување на инцидените.
„За жал, покрај убавите работи, се случуваат немили ситуцаии. На Државното првенство имаше два иницидента, затоа ја повикувам Дисциплинската комисија брзо да реагира и да се произнесе во однос на инцидентите, а сторителите да бидат соодветно казнети за да не ни се случуваат во иднина“, вели Станков.
Тој ова го заборува во насока на престојниот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово, преостанатите кола во Првата и Младинска лига, како и за јубилејниот Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“.



