АктуелноБоксДомашна сцена
Боксерски спектакл во Куманово на 12 и 13 јуни – ќе се одржи 6.Меѓународен турнир „Мирослав Петровиќ“

На 12 и 13 јуни (сабота и недела) на плоштадот во Куманово ќе се одржи 6.Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.
Од БК Куманово 84 најавуваат боксерски спектакл со учество на боксери од 15 земји.
Пријавени се боксери од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Турција, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Молдавија, Романија, Бугарија, Унгарија, Косово и Македонија.
Полуфиналните борби се во петок, а финалните во сабота со почеток во 17 часот.




