АктуелноБоксОстанато

„Пинк пантер“ по втор пат ја освои титулата на Балкан опен купот во Олимписки надежи

„Пинк пантер“ од Штип по втор пат ја освои титулата во Олимписки надежи на Балкан опен купот, откако лани триумфираа во истото натпреварување.

Во големото финале (10. коло) на „Балкан опен купот“-Меморијал „Алексо Огненовски“ боксерите на штипскиот клуб беа меѓу најбројните екипи и со добри борби заслужено дојдоа до втората титула.

Пинк пантер покажува дека работи со младите категории чиј предводник е Иса Бајрам и во иднина може да се очекуваат уште поголеми резултати.

Пинк пантер освои 33 бода, пред Константин од Лозница со 21 и Вијело Поље и Нови Пазар со по 13.

Во вкупниот пласман на Блакан опен купот Пинк пантер е 6-ти со 20 поени, а првото место му припадна на Професионалац од Панчевосо 74 поени, пред Бијело Поље и Олимпикус со 41, Константин 28 и Крушевац 037 со 23. Пелистерски јунак со 10 поени е 11-ти, како и Ронин, Алексо Огеновски со 9 е 16-ти, Куманово 84 со 7 е 23-ти.

Покрај екипниот успех, клубот доби и две престижни индивидуални признанија. Александар Панов беше прогласен за најдобар техничар на турнирот, додека Иса Бајрам го понесе признанието за најборбен боксер, потврдувајќи го квалитетот и борбениот дух што ги красат штипските боксери.

Тренерот на БК „Пинк Пантер“, Петре Чурулиновски истакна дека оваа титула е резултат на напорната работа, дисциплината и посветеноста на спортистите и тренерскиот тим, а новиот шампионски пехар претставува уште една потврда дека штипскиот бокс продолжува да создава шампиони и да биде гордост на градот.

Резултати – Балкан опен куп – Меморијал „Алексо Огненовски“:

У-15
40 кг Езел Шабан (Пинк пантер) – Филип Мајкиќ (Алексо Огненовски) 0-5
43 кг Али Расимов (Пинк пантер) – Петар Радивојевиќ (Србија) 0-5
50 кг Петар Миличевиќ (Бијело Поље) – Давид Најдески (Алексо Огненовски) 0-5 ТКО Р3
52 кг Лазар Јовановиќ (Раднички КГ) – Амет Бузески (Прилеп) 5-0 без борба

У-17
48 кг Мухамед Мемедов (Пинк пантер) – Елдар Лотинац (Оилмпикус) 5-0
52 кг Михаил Аврамоски (А. Огеновски) – Петар Милошевиќ (Б. Поље) 3-2
52 кг Кристијан Стојаноски (А. Огненовски) – Урош Шчепановиќ (Бијело Поље) 5-0
54 кг Лазар Димитров (Пинк пантер) – Петар Трајчески (А. Огеновски)
57 кг Саво Сарачевиќ (Бијело Поље) – Кристијан Штрков (Пинк пантер) 5-0
57 кг Лазар Митиќ (КШ 037) – Мартин Трајкоски (Ас) 4-1
57 кг Лука Пацески (Чигра) – Илхан Шаќировиќ (Олимпикус) 2-3
63 кг Драгољуб Павлов (Шајкаши) – Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) 0-5 без борба
63 кг Иса Бајрам (Пинк пантер) – Имран Хоџиќ (Олимпикус) 3-2
63 кг Ненад Наков (Пинк пантер) – Омар Баховиќ (Б. Поље) 0-5 ТКО Р1
66 кг Димитрије Агимиќ (Професионалац) – Валентин Стризлоски (Прилеп) 0-5 без борба
75 кг Мерис Мусовиќ (Бијело Поље) – Давид Карапеев (Прилеп) 0-5 ТКО Р2

У-19
65 кг Александар Панов (Пинк пантер) – Лаза Лазиќ (КШ037) 4-1
70 кг Андреј Смилевски (Ронин) – Лео Панов (Универзалци) 5-0 ТКО Р2
+90 кг Бојан Мачковски (Пелистерски јунак) – Зејд Гициќ (Олимпикус) 0-5

Сениори
75 кг Наум Стојаноски (А. Огненовски) – Митар Лазиќ (Лозница) 2-3

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON