Три од три за репрезентативците од Корио на Балканското таеквондо првенство-две сребра и бронза

Репрезентативците од редовите на ТК Корио имаа одлични настапи на првиот ден од Балканското таеквондо првенство во јуниорска конкуренцја во Зрењанин, Србија, тројца натпреварувачи освоија три медали – две сребра и една бронза.

Медалите ги освоија:
Павел Јовановски (+78 кг) – сребрен
Емилија Котовска (-49 кг) – сребрен – со две убедливи победи
Михаил Ангелевски – бронзен – со две победи

„Горди сме на нивната борбеност, дисциплина и посветеност и им честитаме за одличниот почеток на првенството“, велат од клубот, додавјќи дека ова доказ оти се меѓу најдобрите клубови во нашата земја.
Денес продолжуваат со уште поголеми предизвици. На татамите ќе настапат сениорите Дамјан Ѓорѓиовски и Александар Цветковски, како и најмладата екипа од 7 пионери:
Ана Оташевиќ, Софи Оташевиќ, Миа Јовановиќ, Ива Андреевска, Лана Ставрески, Андреј Николовски и Матеа Куковска.
„Им посакуваме многу среќа и успешни настапи. Веруваме во секој од нив“, истакнуваат од ТК Корио!



