БорењеДомашна сцена
Амбасадорот на Бугарија во посета на БК Олимпија

Борачкиот клуб Олимпија од Штип имаше чест да биде домаќин на амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков.
„Посетата беше одлична можност за разговор за значењето на спортот, младите и развојот на борењето како спорт што гради дисциплина, почит, пријателство и спортски дух“, велат од Олимпија.

Претставниците на клубот го запознаа амбасадорот со работата, успесите и идните планови на Борачкиот клуб Олимпија, како и со посветеноста на младите борачи кои секојдневно вложуваат труд и енергија за нови спортски резултати.
Радуков се интересирал за Андреа Нисева која настапува за бугарската репрезентација, но му било обајснето дека е на подготовки.
Се распрашувал како ги служи возилото што го донираа на клубот.



