Меѓународна сценаММА

Аспинал блиску до враќање, го таргетира победникот од Переира-Гане

Том Аспинал е на работ на враќање од повреда на окото и треба да се соочи со победникот од борбата за привремената титула меѓу Алекс Переира и Сирил Гане.

Британецот не се борел откако неговата октомвриска борба со Гане на УФЦ 321 беше прекината поради случаен удар во окото. Оттогаш тој помина низ долг период на заздравување.

„Сите ме прашуваат кога ќе се борам. Одговорот е јасен – Переира и Гане ќе се борат за привремената титула, а јас ќе се борам со победникот“, рече Аспинал.

Тој додаде дека веќе е блиску до целосно закрепнување: „Процесот оди многу добро. Наскоро очекувам целосно одобрување за контакт. Веќе тренирам, но сè уште не спарингувам“.

Нема конкретен датум за неговото враќање, бидејќи сè зависи од УФЦ и исходот од мечот Переира-Гане.

Аспинал е категоричен дека нема да ги избегнува противниците: „Ќе се борам со сите. Кој заслужува шанса, ќе ја добие“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON