Борче Лескаровски-македонска гордост, столб на швајцарското карате: Направив преку 50 шампиони на Швајцарија и меѓународни медалисти

Минатата година во ова време нашиот истакнат карате мајстор Борче Лескаровски, кој има свои клубови во Швајцарија, доби уште едно големо признание мајсторски појас 7 дан 2025 од Јапонската Сеибукан будо федерација, со назив кјоши (Титула на високо мајсторско ниво во јапонските боречки вештини, посебно во карате до. Означува длабоко разбирање на филозофијата на боречките вештини и обично бара инструкторите со ова ниво да имаат најмалку 50 години искуство во предавањето).
На 15 септември 2024 година доби диплома за 7 дан од истакнатиот југословенски карате мајстор Душан Дачиќ.
Ова се само воведни факти за нашиот истакнат карате мајстор, македонска гордост.

Што значи ова признание, 50-години карате и да се добие од јапонска федерација?
– Признавање и потврда на целото мое инвестирање во студиите на карате до. Со тоа признание што ми го додели јапонската боречка федерација јас сум признание во сите светки федерации во карате до. Инаку сум експерт за добивање степени во Швајцарската карате федерација, односно еден од еминентните инструктори. Шеф сум на Техничка комисија на Академија Свис карате, на која јас ги поставив темелите, односно ја формирав.

Долго време работиш во Швајцарија и имаш значајни успеси. На што се должи тоа?
– Се должи на многугодишната работа во боречките вештини. Сум се дружел и сум практикувал со најславните мајстори во светот, како Таиџи Казе, Хироши Шираи, Такаши Наито, Хироказу Каназва, Хитоши Касуја, Владимир Јорга, Дарио Маркини и други.

Како е да се тренира и да се учи од овие големи имиња во каратето?
– Тие за мене се извори на огромно знаење. Со голема концентрација и морал ги следев нивните чекори. Ги анализирав нивните знаење со голема почит спрема нив.
Сите тие мајстори од шотокан стил и секој и секој различно објаснува, тоа е многу богато. Да се споредува нивното знаење. Како учител направив анализа и дојдов до моето големо осознавање на боречките вештини.
И, нормално, го направив стилот на кашивакан, што значи искуство, анализа и синтеза на целокупното нивно знаење што го пренесов во тој стил. Многу сум задоволен од нив со голема почит. Сите тие веќе не се на овој свет. Јас сум мостот со нивното знаење спрема моите ученици.
Работиш карате во Швајцарија: Како се одлучи во Швајцарија?
– Кога отидов таму се беше за печалба. Кога го формирав првиот клуб и бев шампион на Швајцарија во фудокан ме признаа како стручњак со висок квалитет. Последниве 35 години од кариерата во Швајцарија бев шеф на Техничка комисија во фудокан од 2007 година, потоа во СКУ бев член на Техничка комисија во една од најмасовните карате федерации која брои преку 5000 членови. Во мојата кариера направив преку 50 шампиони на Швајцарија и меѓународни. Од страна на кантонот добив признание за најдобар тренер во боречките спортови.
Во моментов работам со два клуба со преку 120 каратисти, на возраст од 5 до 70 години. И паралелно одржувам семинари во Швајцарија и меѓународни.

Како те прифатија и како стручњак и како педагог?
– Во Техничката комисија фигурираше само едно македонско име, тоа бев јас. Со многу пракса и знаење треба да бидеме петпати подобри од нивото за да бидеме признаени како странци. Но, со љубов спрема карате д, ништо не ми беше тешко да им докажам дека сум еден од подобрите.
Која е Вашата најголема гордост?
– Самиот пат во иднината со љубов спрема карате доведува до самостојно напредување и паралелно со напредување на натпреварувањата со моите ученици и на национално и на меѓународно ниво. Се е засновано на љубов на тоа што го работиме. Само преку таков морал може да се постигант најдобри резултати и како поединец така и со моите ученици. Со таков жар продолжуваме да работиме заедно.
До кога активно карате?
– Ќе работам до посоледен здив, до последната капка пот. Само така може да се докаже љубовта спрема тоа што го работиш!

Кои се најпознати имиња од твоите клубови?
– Најголем шампион Сирил Мајферт, Арбен Курти, Рајана Сулејмани, Алина Курти, Ели Фелер, Лео ди Каприо и други.
Одржуваш ли врски со македонските мајстори?
– Одржувам врски со КК Ускана од Кичево, Гладијатор од Велес, Карате центар Пејов од Скопје и други.
Споредби меѓу каратето Швајцарија и Македонија?
– И двете нации се во ВКФ. Стандардот во Швајцарија е поголем, но Македонија е една од напредните карате сили на Балканот и во Европа. Паралелно и Швајцарската федерација на повисоко ниво во Европа, како што е Клара Киричи и други.
Која е формулата за успехот?
– Е љубовта на тоа што го работиш, а за мене е тоа каратето. Многу значи и кодексот на бушидо-правда, искреност, љубезност, учтивост, почит, вистина, чест достоинство, лојалност верност.
Дали Македонците од Вас бараат помош за карате во Швајцарија?
– Секој наш македонски каратист кој е присутен во КФМ е постојано поддржан од моја страна и секој пат со отворени раце ги прифаќам да им помогнам, последен таков е со Марина Николова која отвори клуб во Волен, КК Нико.

Патот на Борче Лескаровски
Сенсеи Борче Борис Лескаровски се занимава со карате повеќе од 50 години и целиот свој живот го посветил на оваа вештина. Почнал да тренира карате во 1973 година во Кичево, каде што е роден и израснат. Неколку години по неговото деби, се истакнал неколку пати (1978-1983) на југословенските првенства, особено во кумите. Во 1979 година, се приклучил на југословенската национална репрезентација во кумите, па дури и ја добил наградата за спортист на годината во Македонија, што му овозможило да полета. Во 1981 година, под водство на д-р Илија Јорга, Борче го стекнал најсторски појас1-ви дан во Белград. Вториот дан го стекнал во 1989 година, исто така во Белград, продолжувајќи да тренира со сенсеи Јорга. Ова не го спречило да дипломира на Универзитетот во Скопје во 1999 година, на насоката физичко образование (специјализација во боречки вештини: карате-до, теквондо, џиу-џицу). За време на студиите, тој ги продлабочил и своите знаења за биомеханиката и психомоторните вештини. Овие науки ни овозможуваат да го разбереме долгорочното влијание на движењето врз телото. Затоа, каратето што го предава Борис денес го почитува локомоторниот систем. Ова обезбедува добро здравје и спречува идни физички деформации, на пример во грбот и колената, а наместо тоа го прави телото силно и отпорно. Неговото патување продолжи во Швајцарија, каде што во 1991 година го основа клубот Фудокан Карате-до Нидао. Тогаш започна неговата тренерска кариера, а освои уште неколку титули во ката и кумите на првенствата на ФСК (Швајцарска карате федерација). Во 1995 година, по педантен тренинг и посветени атлетски перформанси, сенсеи Борис го доби 3-тиот дан од Техничката комисија на ФСК и д-р Илија Јорга. Од 1997 година, во следните четири години, тој беше национален тренер на ФСК во кумите. Во 2000 година, историјата на клубот што го водеше Борис тргна по нов пат. Тој го основа сегашниот карате клуб, Кашива кан карате-до Биел/Бине, кој го води и денес. Но, тој не застана тука. Во неговата континуирана потрага по самоусовршување, во 2001 година се стекна со диплома за инструктор за млади и спорт. Препознавајќи го неговиот талент, Швајцарската карате федерација го назначи во 2001 година, позиција на која остана до 2010 година, а во 2007 година беше назначен за претседател на истата комисија една година. Во меѓувреме, во 2004 година, се здоби со 4-ти дан откако го положи испитот на техничкиот комитет на ФСК. Во текот на летото 2009 година посетуваше двомесечен курс во Јапонија со сенсеи Терада и Јасуда за да се специјализира и да ги продлабочи своите карате студии, што несомнено му го олесни добивањето на 5-ти дан од техничкиот комитет на ФСК во 2010 година.

Факти за Борче-Борис Лескаровски
1973: Почна да се занимава со карате.
1978: Јуниорски шампион во кумите на Македонија.
1979: Се приклучи на југословенската национална кумите репрезентација и ја доби наградата за спортски заслуги на Југославија.
1981: Добитник на 1-ви дан во Белград од Илија Јорга.
1983: Југословенски екипен шампион во кумите со Црвена ѕвезда.
1989: Добитник на 2-ри дан во Белград од Илија Јорга.
1991: Се преселил во Швајцарија и го основал клубот „Фудокан Карате-до Нидау“.
1993: Шампион во ката на ФСК.
1994: Шампион во ката на ФСК во Фудокан, Швајцарија.
1995: Добитник на 3-ти дан во Швајцарија од Техничката комисија на ФСК и Илија Хорхе.
1997-2001: Национален тренер по кумите на ФСК.
2000: Го основал клубот „Кашива-кан карате-до Бил/Бине“.
2001: Се стекна со J+S инструкторска лиценца.
2001-2010: Член на техничката комисија на ФКС (2007-2008 година, раководител на техничката комисија на ФКС).
2004: Награден 4-ти дан од Техничката комисија на ФСК.
2009: Двомесечен напреден курс во Јапонија, под водство на Сенсеи Терада и Сенсеи Засуда.
2010: Награден со 5-ти дан од Техничката комисија.
2010: Признание од СКФ и СКУ како стил и подфедерација: Фудокаи Кашива-кан карате-до.
2011: Награда за спортски заслуги од градот Бил/Бине.
2013-2015: Водач на курсот „Ката и натпреварувачки тренинг“ во рамките на СКУ.
Специфични настани од 5-ти дан
2010: Награден со 6-ти дан од Техничката комисија.
2010: Признание од СКФ И СКУ како стил и подфедерација: Фудокаи карате-до.
2011: Добитник на наградата за спортски заслуги на градот Бил/Бине.
2013-2015: Водител на курсот „Ката и натпреварувачки тренинг“ во рамките на СКУ.
Од 1995 година (и од 6-тиот дан): Годишна организација на технички семинар со разни инструктори (д-р Илија Јорга, Карлос Фугаза, Лука Валдези, Винченцо Фигучо, Халдун Алагаш, итн.).
2024: Доби диплома за 7 дан од истакнатиот југословенски карате мајстор Душан Дачиќ.
2025: Признание мајсторски појас 7 дан 2025 од Јапонската Сеибукан будо федерација,
Од 2000 година (и од 5-тиот дан): Сенсеи Борис води технички семинари во Швајцарија, Македонија или Србија.
Од 1991 година тренира каратисти, од кои некои станале национални или меѓународни шампиони.
Од 2006 година: Организира годишен турнир (Промо тура).
Откако почна да се занимава со карате: Тренира секој работен ден, минимум 3 часа на ден.



