Други вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Дан кју постигна забележителен успех на меѓународниот џиу џицу турнир во Брчко.

Натпреварувачите на Дан кју постигнаа забележителен успех на Меѓународниот џиу џицу турнир во Брчко опен.

Ана Ацевска во У-10 +40 кг освои златен медал, додека во повозрасната категорија У-12 -44 кг бропнзен и добие признание за најдобар женски борец во У-12 на целиот турнир.

Павел Темелковски во категорија У-8 -32 кг Сребрен додека во поголемата категорија У-8 -36 кг бронзен.

Антонио Трајковски во својата во У-12 -44 кг освои злато, а Марија Треневска во својата категорија се закити со злато, додека во БЏЏ сребро.

Марко Панчевски во освои Сребро, а клубот „Дан кју“ го доби пехарот за најоддалечен клуб.

„Овие меѓународни турнири на нашите натпреварувачи понатаму им ги отвараат вратите за влез на европската и светската сцена. Федерацијата им честита за постигнатиот успех, уште еднаш беше докажана нивната подготвеност, техничка, тактичка и физичка спремност и желба за победа“, истакнуваа од Џиу џицу федерацијата на Македонија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON