Ера Коџа со најдобар палсман приот ден на Европско карате првенство-седмо место

На првиот ден од Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од нашите каратисти Ера Коџа оствари најдобар резултат со пласманот во репасажот каде што забележа победа и пораз. Во вкупниот пласман таа е седма.
Борбата која овозможуваше меч за бронзен медал Коџа ја загуби од Ирина Зарецка од Азербејџан 0-4.
Денес натсапија уште Вероника Костовска, Ердона Зибери, Љупче Михајлов, Реџеп Рушити, Стефан Стојановиќ и Владнака Аврамова во кати.
Михајлов и Реџепи извојуваа по една победа.
Надежите за медал се свртени кон Ива Пецевска, Михаела Мишовска, Недим Шаќири и Матеј Белистојаноски во поединечна конкуренција, како и во тимските натпревари.
На ЕП настапуваат 599 каратисти со 492 натпреварувачки влезови од 50 држави.
Резултати Европско превенство – Франкфурт:
Жени
-50 кг Ива Пецевска – Ирене Конту (Кипар)
-55 кг Михаела Мишовска – Ротем Ефрони (Израел)
-61 кг
Вероника Костовска – Ирене Матурано (Италија) 8-1
Вероника Костовска – Олександра Шолохова (Украина) 4-14
-68 кг
Ера Коџа – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 0-5
Репасаж
Ера Коџа – Хана Девигили (Австрија) 9-8
Ера Коџа – Ирина Зарецка (Азербејџан) 0-4
+68 кг
Ердона Зибери – Јована Дамјановиќ (Црна Гора) 0-0
Женскиот кумите тим
Македонија – Германија
Мажи
-60 кг Недим Шаќири – Селдин Вејо (Босна и Херцеговина)
-67 кг Матеј Белистојански – Алекс Ортиз (Шпанија)/Артур Степанов (Латвија)
-75 кг
Љупче Михајлов – Брајан Прохалски (Полска) 5-2
Љупче Михајлов – Микита Хирхорашенко (Австрија) 0-3
-84 кг
Реџеп Рушити – Ика Суламанидѕе (Грузија) 3-1
Реџеп Рушити – Иван Кверсиќ (Хрватска) 0-3
+84
Стефан Стојановиќ – Иван Куџинау (ЕКФ) 0-2
Машки кумите тим
Македонија – Словачка
Кати
Владанка Аврамова – Арчонтија Ксену (Грција) 0-7
Женски ката тим
Македонија – Чешка



