АктуелноДомашна сценаММА

Георгиевски, Алексовска и Трајановски славеа на „Армада 14“ во Скопје

Синоќа во Скопје се одржа ММА настанот – Арммадa 14, при што македонските борци Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Коста Георгиевски ја крунисаа вечерта со големи победи, покажувајќи дека Македонија има борци со кои може да се гордее.

Даниела Алексовска импресионираше со сензационална победа уште во првата рунда! Со маестрален лост на рака, таа ја совлада противничката Флацеа Алда од Молдавија во последната минута од воведната рунда. Алда немаше излез од зафатот на Алексовска, па судијата немаше друг избор освен да ја додели победата на македонската борка.

Марко Трајановски, пак, го запиша својот прв полупрофесионален триумф со убедлива судиска одлука против Петар Кликовац од Србија. По целосни три рунди, во кои Трајановски ја контролираше акцијата и доминираше над противникот, судиите едногласно ја доделија заслужената победа за македонскиот репрезентативец.

Костадин Георгиевски извојува победа со едногласна одлука на судии над Раде Новаковиќ  од Србија.

Инаку, Коста е брат на големиот македонски спортист – Дејан Георгиевски.

Во богатата боречка „биографија’“ на Коста, кој е член на „ММА Бутел“, покрај тоа што беше сениорски балкански шампион во олимписко таеквондо, тој има и кафеав појас во џудо, а сега и победа во ММА.

Никола Димовски – Лучијан Вилчу (Германија)

Даниела Алексовска веќе се подготвува за следниот натпревар на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, кое ќе се одржи на 27 септември.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON