АктуелноМеѓународна сценаММА
Хорхе Масвидал: Евлоев е на друго ниво, ќе го победи Волкановски

Хорхе Масвидал верува дека Мовсар Евлоев има што е потребно за да го победи Александар Волкановски во евентуална борба.
Американецот изрази почит кон шампионот, но ја нагласи моменталната форма на Евлоев: „Ми се допаѓа Волк… но во моментов Мовсар е на друго ниво. Тој има нешто од стилот на Мераб“.
Масвидал направи и споредба со Алџамејн Стерлинг: „Технички, Алџамејн е малку подобар, но Мовсар има друга брзина што во моментов ги крши неговите ривали“.
Според него, развојот на Евлоев продолжува: „Тој станува се поопасен, физички влегува во својата најдобра форма. Сега ќе биде уште потешко за сите“.
Како заклучок, Масвидал даде јаснa прогноза: „Мислам дека ќе го победи Волкановски токму сега – само поради нивото на кое се наоѓа“.



