АктуелноМеѓународна сценаММА

Карлос Пратес: Мојата следна борба ќе биде за титулата на Ислам Махачев

Карлос Пратес рече дека очекува неговата следна борба во УФЦ да биде за титулата во велтер категорија.

32-годишниот Бразилец, поранешен борец во мај тај и моментално рангиран на второто место во дивизијата, откри дека веќе имал разговори со УФЦ и Дана Вајт.

„Разговарав со Дана и УФЦ по мојата последна борба“, рече Пратес во емисијата на Ариел Хелвани. „Разговаравме за некои работи што не можам да ги откријам, но навистина мислам дека јас ќе бидам следниот предизвикувач“.

Бразилецот е убеден дека без разлика кој ќе ја добие претстојната шампионска борба меѓу Ислам Махачев и Ијан Гари, тој ќе биде следниот предизвикувач за појасот.

„Без разлика кој ќе ја добие борбата меѓу Ислам и Ијан Гари, јас ќе бидам следниот“.

Во последениот настап Пратес направи сериозен атак за освојување на титулата откако го нокаутира поранешниот шампион во дивизијата Џек Дела Мадалена.

Со импресивната серија и агресивен стил, Бразилецот сè повеќе се споменува како една од најопасните фигури во велтер категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON