Катерина Ацевска ќе ги одмери силите со елитата во џиу џицу на Гранд при Париз опен

Катерина Ацевска и тренерот Александар Ацевски заминаа за Франција каде што таа ќе настапи престижниот сениорски турнир во џиу џицу Гранд при Париз опен.
Мерењето е денес, а борбите се утре.
Ацевска ќе има голема и тешка конкуренција во борбата за распределбата на медалите.

Во нејзина категорија се:
- Агри Чарлин – Франција
- Дорт Шерли – Франција
- Фати Натали – Франција
- Фриче Виола – Германија
- Хермансен Лаура – Данска
- Новар Ноеми – Франција
- Сандер Лота – Германија
- Шварзенбарт Ема – Австрија

Федерацијата им посакува многу успех со надеж дека повторно ќе ја израдуваат Македонија како безброј пати досега.
Како што изјави и селекторот пред заминувањето, Катерина се чуствува подготвено и подготвена да излезе на татамите. Нејзината физичка и психичка кондиција се на високо ниво и останува уште денес да се помине мерењето и со Господ напред утре да се започне походот кон пиедесталот. Исто така искажа благодарност до Федерацијата и Министерството за спорт за целата помош и поддршка за реализација на овој турнир.



