АктуелноДомашна сценаКик бокс

КБК Шампион со 12 медали од Балканското првенство како дел од нашата репрезентација

Кик бокс клубот Шампион на ВАКО Балканското првенство во Нови Сад, Србија, настапи со 12 натпреварувачи во нашата репрезентација и освои 11 медали – 3 златни, 7 сребрени и 2 бронзени.

Натпреварувачите кој придонесоа за целокупниот успех на нашата репрезентација се:

1. Максим Митровски – злато
2. Томи Андонов – злато
3. Туркер Исмаили – злато
4. Лука кипровски – сребро
5. Милан Нешевски – сребро
6. Иван Кукуновски – сребро
7. Ина Цакончевска – сребро
8. Ибрахим Амеди – сребро
9. Горјана Николоска – сребро
10. Сергеј Ушлиновски – сребро
11. Халдун Ахмед – бронза
12. Адис Камберовски – бронза

Тренерот на КБК „Шампион“ Скопје, Дејан Митровски – Урко, истакна дека е исклучително задоволен од настапот на своите натпреварувачи и нивниот придонес во успехот на македонската репрезентација.

„Зад нас е уште едно успешно меѓународно првенство на кое нашите спортисти покажаа квалитет, дисциплина и борбен дух. Освоените 12 медали се потврда за нивната напорна работа, посветеност и континуитет во резултатите. Особено сум горд што сите наши натпреварувачи достојно го претставија клубот и Македонија и дадоа значаен придонес во вкупниот успех на репрезентацијата“, изјави Митровски.

Тој додаде дека по исклучително интензивниот натпреварувачки период следува краток период на опоравување и санирање на повредите здобиени на бројните домашни и меѓународни натпреварувања во изминатите месеци.

„Во изминатиот период имавме навистина динамична и напорна сезона исполнета со настапи на голем број турнири и првенства. Сега следува краток период на рехабилитација и враќање на натпреварувачите во целосен тренажен процес, по што продолжуваме со подготовки за следните предизвици. Пред нас се уште неколку важни натпреварувања кои ќе бидат дел од изборниот процес за формирање на македонската репрезентација за претстојното Светско јуниорско и Европско сениорско првенство. Нашата цел останува иста – да продолжиме да создаваме шампиони и достојно да ја претставуваме Македонија на меѓународната сцена“, нагласи Митровски.

Од КБК „Шампион“ Скопје упатија честитки до сите натпреварувачи за прикажаните борби, освоените медали и нивниот придонес во успешниот настап на македонската репрезентација на Балканското првенство.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON