Лоренс Околи падна на допинг тест, Френк Ворен бара нов противник за Тони Јока

Британскиот борец Лоренс Околе не го помина антидопинг тестот пред мечот против Французинот Тони Јока, кој требаше да се одржи оваа сабота во Париз.
Промотерот Френк Ворен се надева дека ќе најде замена за Околи кој беше позитивен на рутинскиот допинг тест.
33-годишниот боксер се префрли од полутешка во тешка категорија, а во 2024 година ја освои титулата на ВБЦ во бриџер дивизијата.
Околи минатиот декември го победи Ебенезер Тетех со прекин по втората рунда.
„Многу сум разочаран, но мора да продолжиме понатаму. Се надевам дека ќе имаме шоу. Моментално работиме на тоа и ќе се обидеме да најдеме противник за Тони Јока. Се надевам дека ќе најдеме британски боксер кој ќе настапи на шоуто во Париз“, рече Френк Ворен.
Јока е олимписки победник од Рио пред десет години. Тој исто така имаше два меча минатата година и ги доби двата, во мај го победи Арслан Јаљев со одлука на судиите, а во декември го нокаутира во првата рунда Патрик Корте.



