АктуелноДруги вештиниКендо

Македонија e балкански шампион во кендо, погледот насочен кон Европа

Викендов во Белград, Србија, се одржа 16-тото Балканско првенство во кендо, на кое сениорската репрезентација на Македонија го освои првото место и официјално стана балкански шампион.

Покрај историскиот успех во екипна конкуренција, македонските натпреварувачи освоија и вкупно осум медали во индивидуалните категории:

Пионери: Михаил Миленковиќ – 1. место, Марко Петрески – 3. место, Максимилијан Климоски – 3. место

Пионерки: Меланија Крстевска – 3. место

Кадети: Валисиј Ристески – 2. место, Гордан Чоланчевски – 3. место

Кадетки: Јована Андоноска – 1. место

Жени: Ивона Лазаровска – 2. место

Ветерани: Пеце Андоноски – 3. место

Во екипна конкуренција, јуниорскиот тим во состав Илиоски, Чоланчевски и Крстевски освои бронзен медал. Особено значајно е што станува збор за еден од најмладите состави на првенството, што јасно укажува на светла иднина за македонското кендо. Сениорите (Андреј Александров, Олег Бичковски, Александар Кесковски, Матеј Ивановски и Владимир Пешков) стигнаа до златниот медал.

Овој успех доаѓа по години напорна работа и континуирани настапи во финалните мечеви, каде што досега недостасуваше завршниот чекор до врвот. Овојпат, македонските борци покажаа исклучителен карактер и фокус, остварувајќи победи против силни репрезентации како Црна Гора, Романија, Бугарија и Грција, а во финалето ја совладаа Турција.

Големиот успех претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во јуни 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

Македонската репрезентација веќе има сериозни резултати и на европска сцена – на две Европски првенства, во Франција и Холандија, тимот успеа да се пласира меѓу најдобрите осум репрезентации во Европа. Иако европски медал сè уште недостига, јасно е дека македонското кендо оди во вистинска насока, со реални очекувања ваков успех да се оствари во наредните години.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON