
Штипјани денес се успешни на две полиња.Покрај теквондистите, Марко Џорлев од Карате клубот Штип на силниот Меѓународен турнир во „Софија опен-Претседателски куп“ во Бугарија по пет силни победи го освои златниот медал.

Марко златниот медал го освои во кадетска конкуренција до 63 килограми. Во оваа категорија Џорлев во финалето се бореше со Алија Дардан од Цветан Димов од Скопје.

На турнирот учестуваа 871 каратист со 1351 натпреварувачки влез од 106 клуба од 18 држави.
Македонските каратисти од повеќе клубови на овој силен турнир освоија 6 медали – 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени.

Резултати:
Марко Џорлев – Денислав Митев (Бугарија) 7-0
Марко Џорлев – Ботонд Ворош (Унгарија) 5-1
Марко Џорлев – Парс Лекакос (Грција) 2-1
Марко Џорлев – Адријан Георгиев (Бугарија) 6-5
Финале
Марко Џорлев – Алија Дардан (Цветан Димов) 3-0



