Машкиот кумите тим беше на чекор до полуфинале на Европското првенство

Машкиот кумите тим беше многу блиску до палсман во полуфиналето на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија. Во решавачката средба во четвртфиналето против Црна Гора одлучувачката борба нашиот каратист ја загуби, па Црногорците славеа со 2-3.
Инаку во второто коло беше победена Данска со 3-0.
Женскиот кумите тим доби шанса во репасажот откако Германија се пласира во финалето, но, за жал, загубија од Хрватска 0-2.
Ќе потсетиме дека Недим Шаќири во категоријата до 60 килограми обезбеди меч за бронзен медал во сабота.
На ЕП настапуваат 599 каратисти со 492 натпреварувачки влезови од 50 држави.
Резултати Европско превенство – Франкфурт:
Женскиот кумите тим
Македонија – Германија 0-2
Репасаж
Македонија – Хрватска 0-2
Машки кумите тим
Македонија – Словачка 2-2
Македонија – Данска 3-0
Македонија – Црна Гора 2-3



