АктуелноДомашна сценаКарате

На 23 мај ќе се одржи 51-от карате натпревар за деца „Лорд куп“: Парите не се секогаш најважни, детската радост нема цена!

На 23 мај, сабота, ќе се одржи 51-от карате натпревар за деца „Лорд куп“. Турнирот е со поразлична концепција од вообичаенеите карате натпревари, но резултатите се идентични.

Ќе се натпреваруваат каратистите на возраст до 11 години и ќе изведуваат единствено ученички кати во поединечна и екипна конкуренција. Најдобрите ќе бидат наградени со медал и оскар.

Секој учесник, како што е вообичаено на настан во организација на Карате клубот Аеродром од Скопје, ќе добие ужинка, учесничка диплома, тетратки, налепници…

Овогодишната налепница е посветена на македонскиот бронзен печат од пред 12.000 години на кој стои напишан текст: „Ѕирна, ми ним, тие нам“.

„Бројот на учесници е во рамките на севкупните просторни и други можности, па се базира на стодваесетина деца, а мотото на настанот е: „Парите не се секогаш најважни, детската радост нема цена“.

Со одржување на овогодишниот натпревар, половина децениската традиција на карате настан, продолжува да живее“, истакнуваат од КК Аеродром.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON