Нејт Дијаз заработи 20 конци по поразот од Мајк Пери

Ветеранот на УФЦ, Нејт Дијаз, претрпе сериозни повреди за време на борбата против Мајк Пери на гала вечерта МВП ММА 1 во Калифорнија.
Според познатиот човек од аголот Џејкоб Дуран, кој работеше во аголот на Дијаз, на борецот му беа потребни вкупно 20 конци и 15 спојници за да ги затвори раните на лицето по борбата.
„Му беа потребни 15 спојници, вкупно 20 конци“, откри Дуран. „Беше претепан. Пери беше премногу силен за него. Секогаш ја гледам борбата како судија, а во тој момент Нејт лошо губеше“.
Дуран додаде дека покрај тешките рани, Дијаз иамл и скршен прст за време на борбата, а веројатно и носот му бил скршен.
„Расекотините беа навистина лоши, крвавењето не престануваше. Крвта му течеше во очите и едвај можеше да гледа“, објасни човекот од аголот.
Дуран беше тој што инсистираше борбата да се прекине по втората рунда.
„Нејт ми се заблагодари. Тоа беше вистинската одлука“, рече тој. „Мојата работа е да го заштитам борецот и тоа е она што го направив“.
Борбата помеѓу Дијаз и Пери беше прекината за време на паузата меѓу втората и третата рунда, а Мајк Пери беше прогласен за победник со технички нокаут.
По борбата, Дијаз рече дека сака реванш што е можно поскоро. Сепак, калифорниската Државна спортска комисија му изрече 180-дневна медицинска суспензија поради повредите што ги здоби.



