АктуелноБоксПрофесионален

Реваншот Мејведер – Пакијао е неизвесен, Нетфликс бара замена

Долгоочекуваниот реванш меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, најавен уште во февруари, се чини дека е сериозно доведен во прашање. Според британскиот промотор Еди Херн, постои реална можност борбата воопшто да не се одржи.

Средбата е закажана за 19 септември во Лас Вегас, но според извештаите, двата тима продолжуваат да имаат несогласувања околу статусот на борбата и условите на договорот.

Дополнителен притисок доаѓа од Нетфликс, кој според Херн не сака да ризикува со неизвесен настан и веќе подготвува резервна опција.

„Ова е целосен хаос. Изненаден сум што Нетфликс го организира овој циркус. Тие се нови во боксот, но требаше да имаат посериозен пристап и да не најават борба што би можела да пропадне“, изјави Хирн за Фајт хип.

Тој рече дека стриминг гигантот веќе разгледува потенцијална борба меѓу шампионот на ВБЦ Рајан Гарсија и британската ѕвезда Конор Бен.

„Не мислам дека реваншот ќе се случи, барем не во моментов. Нетфликс го планира мечот Гарсија – Бен на 12 септември и тоа веројатно би била замената доколку Мејведер и Пакијао се откажат“, додаде Хирн.

Доколку гласините се потврдат, тоа би означило голема промена во септемврискиот боксерски календар и крај на надежите за ново поглавје во едно од најголемите соперништва во историјата на спортот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON