Меѓународна сценаММА

УФЦ закажа настан на 1 август во Белград

Она што долго време се зборуваше сега стана вистина, УФЦ дефинитивно ќе одржи настан во Белград.

Најголемата светска ММА организација својот спектакл го закажа на 1 август во Белградска арена, а веста беше објавена и на нивните официјални канали со пораката:

„Србија, доаѓаме! Октагонот за првпат слетува во Белград на 1 август“!

Со овој настан, УФЦ се враќа во регионот по речиси една деценија, откако последен пат организираше борби во Загреб во 2016 година. Доаѓањето го потврди и првиот човек на организацијата, Дана Вајт, кој порача:

„Отсекогаш сакав да го донесам УФЦ во секој дел од светот, а Србија е нашата следна станица. Ќе приредиме борби од врвна класа! Се гледаме таму“.

Во овој момент, сè уште не се објавени имињата на борците кои ќе настапат на настанот, но се очекува да има многу имиња од регионот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON