АктуелноБоксПрофесионален
Васил Ломаченко се враќа

Васил Ломаченко излегува од пензија и планира враќање на рингот на есен оваа година, објавува Мајк Копингер од „Ринг“.
Според информациите, договорот на Ломаченко со „Топ ранг“ истекува на 12 мај, а Украинецот сега е слободен агент. Поранешниот светски шампион во три тежински категории нема интерес за загревачки борби и бара само големи и престижни натпревари.
38-годишниот Ломаченко последен пат боксираше во мај 2024 година, кога го победи Џорџ Камбосос со технички нокаут во 11-тата рунда и ја освои титулата во лесна категорија на ИБФ.
Украинецот потоа разговараше за голема борба против Џервонта Дејвис наесен 2024 година, но проблемите со грбот го принудија да се повлече од боксот во јуни истата година.



