АктуелноОстанатоТаеквондо

Ведрана Тунески освои сребро на Гран при турнир од светска класа

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои сребрен медал на престижниот Гран при турнир во Софија, Бугарија, еден од најсилните меѓународни турнири во олимписко таеквондо.

Репрезентативката на Македонија и членка на Таеквондо клуб Бутел до одличјето во категоријата кадетки до 51 килограм стигна со три убедливи победи против натпреварувачки од Грција, Хрватска и Кипар.

На стартот Тунески со 2-0 ја совлада Георгија Фрагиодаки од Грција, а потоа со ист резултат беше подобра и од Ема Бикиќ од Хрватска.

Во полуфиналето македонската надеж приреди уште поголемо изненадување совладувајќи ја прворангираната Елеана Антониу од Кипар и обезбедувајќи место во финалето.

Во борбата за златниот медал Тунески загуби со 0-2 од бугарската натпреварувачка Викторија Кулишева и го освои среброто.

Со овој резултат Ведрана Тунески обезбеди директен пласман на финалниот Гран при турнир што ќе се одржи во декември 2026 година.

Тунески веќе подолг период се наметнува како една од најперспективните македонски спортистки во олимписките спортови, а овој резултат дополнително ја потврдува нејзината позиција меѓу најдобрите во светот во нејзината возрасна категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON