Волкановски планира да ја брани титулата на крајот на летото

Александар Волкановски објави дека планира да ја брани титулата во перо категорија на УФЦ во август или септември 2026 година, како што изјави за Блади елбоу.
Австралијанецот со македонско потекло појасни дека во моментов нема официјално закажана борба, но јасно стави до знаење на организацијата дека ќе биде подготвен:
„Борбата сè уште не е закажана, но им кажав на УФЦ дека ќе бидам подготвен да се вратам во август-септември. Се надевам дека наскоро ќе ја објават и сите ќе разберат. Ќе биде интересно“.
Шампионот нагласи дека има доволно сериозни конкуренти во дивизијата:
„Имаме многу добри борци – Мовсар, Алџамејн, Силва… Кого и да го изберат против мене, јас сум подготвен“.
Волкановски е категоричен и за неговата улога како носител на појасот:
„Борбата против предизвикувачот број 1 е моја должност како шампион. Тоа е она што луѓето ќе го паметат. Тоа е типот шампион што сакам да бидам“.
Се очекува УФЦ да го одреди неговиот противник во наредните месеци, со можни опции кои вклучуваат некои од најжешките имиња во категоријата.



