Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак

Вукашин Јовановиќ во борбата златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија ги одмери силите со Амин Абделмалки од Белгија и славеше 2-2 (3-2).
Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Абделмалки и
по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2) по судиско
изјаснување), освојувајќи ја титулата светски универзитетски шампион.

Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на шампионатот во Бразилија и најголем успех на македонската експедиција. Претходно, Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите селекција освои бронза.
Со овој резултат, македонските каратисти уште еднаш ја потврдија својата конкурентност
на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт.

Вукашин го круниса талентот што го покажуваше сите овие години, но и навести дека може уште многу да да даде на македонското карате.
На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

Резултати – Светско универзитетско првенство:

-67 кг Група 1
Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0
Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5
2-ор во рупа
Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0
Полуфинале
Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4
Финале
Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија) 2-2 (3-2)



