АктуелноЕвропски првенстваТаеквондо

Христијана Парулеска се бореше за медал на Европското таеквондо ИТФ првенство

Првиот ден од Европското првенство во традиционално таеквондо (ИТФ) на Крит во Грција настапија Миа Танеска и Христијана Парулеска во дисциплината форми, при што Парулеска беше елиминирана во борбата за медал.

„Миа Танеска, во категоријата 11–13 години девојчиња – црвен појас, беше елиминирана во 1/8 финалето од претставничка на бугарската репрезентација.

Христијана Парулеска, во категоријата 16–17 години јуниорки – црн појас први дан, имаше одличен настап. Во 1/16 финалето ја совлада претставничката од Германија, во 1/8 финалето беше подобра од натпреварувачка од Гренланд, но во 1/4 финалето, во борбата за медал, беше поразена од претставничката на Русија, која подоцна стигна до финалето и ја освои европската титула“, истакнува селекторот Марјанчо Лазаревски.

Денес ќе настапат Теодора Митреска во форми во категоријата сениори 18–34 години – црн појас 1 дан, како и Миа Танеска во борби, категорија 11–13 години девојчиња +55 кг.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON