БорењеДомашна сцена

Филип Ангелов од Спартак ја доби спортската стипендија на Општина Кочани

Борачот Филип Ангелов, член на БК Спартак е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигна во борењето минатата година.

Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост ги исполни пропишаните услови за користење на општинската спортска стипендија.

Во период од 10 месеци, Филип Ангелов ќе биде стипендиран со месечен износ од 3.000 денари.

Годинава, од вкупно четирите пријави за спортски стипендии, пријавената кандидатка за стипендија во спортови во женска конкуренција не го исполни основниот критериум – да не е корисничка на оваа стипендија повеќе од двапати едно по друго.

Општинската стипендија за спортист и спортистка – спортски надежи има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат резултати.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON