
Со едно сребро и четири бронзи билансот на македонските кикбоксери засега е 8 медали на Европскиот кик бокс куп „Вараждин опен“ во Вараждин, Хрватска, по два дена.
Овој скор ќе биде побогат утре, бидејќи неколку наши кикбоксери се во финалето.
Денес медалите ги освоија:
Лоу кик
Марко Пецевски – Адора – постари јуниори -75 кг – бронза
Мите Кртсев – Адреналин – сениори -86 кг –бронза
Димитар Атанасовски – Прокик фемили – сениори -86 кг –бронза
К-1
Христијан Ѓоргиевски – Предатор – помлади јуниори -67 кг – сребро
Иван Кукуновски – Шампион – постари јуниори -67 кг – бронза
Вчера медали освоија:
Леонид Наумов од Енерџи – помлади јуниори -63,5 кг;
Андреа Георгиевска од Предатор – постари јуниори -56 кг
Глигор Николов од К1 арена – помлади јуниори -71 кг.
На „Вараждин опен“ нашите претставници освоија 4 одличја – 1 златен, 1 сребрен и 2 брозени медали.
Со медали се враќаат:

Кик лајт
Стефан Чаѓановиќ – Адора – сениори -63 кг почетници – златен
Ибрахим Амеди – Шампион – сениори -84 кг почетници – сребрен
Александар Илиев – К1 арена – помлади кадети -37 кг – бронзен
Михаил Велковски – Прокик фемили – помлади кадети +47 кг – бронзен



