АктуелноКик боксТурнири

Кикбоксерите освоија 15 медали на Европскиот куп „Вараждин опен“ – златни за Калин Бабоски и Силвио Мировски

Македонските кикбоксери последниот ден на Европскиот куп „Вараждин опен“ во Хрватска го завршија со 7 медали – 2 златни, 4 сребрени и 1 бронзен, односно, вкупно 15 (2-5-8).

Златни медали освоија Калин Бабоски и Силвио Мировски, а сребрени Петар Лозановски, Давид Атанасовски, Максим Митровски и Халдун Ахмед и бронза Леа Бошевска.

Резултати Европски куп „Вараждин опен“:

Кик лајт

Леа Бошевска (Самурај) – сениори -55 кг – бронзен

Лоу кик

Петар Лозановски (Енерџи) – помлади јуниори -60 кг – сребрен
Финале
Петар Лозановски – Николаос Митикидис (Грција) 0-3

Давид Атанасовски (Гладијатор-Скопје) – помлади јуниори -63,5 кг – сребрен
Финале
Давид Атанасовски – Иван Цебан (Молдавија) 0-3
(Преходно победа над Лазарос Гкиофсос ГР)

Калин Бабоски (Адора) – постари кадети -63,5 кг – златен
Финале
Калин Бабоски – Еван Колинс (Ирска) 3-0
(Претходно забележа 2 победи против Израелци)

Силивио Мировски (Гладијатор-Скопје) – сениори -71 кг – златен
Силивио Мировски – Александар Пејаковиќ (Словенија) 3-0
(Претходно победа против Димитриос Чацитомас-ГР)

Максим Митровски – сениори -75 кг- сребрен
Финале
Максим Митровски – Никола Маринковиќ (Црна Гора) 1-2
(претходно ппбеда против Момчило Шчекиќ-ХР)

Халдун Ахмет – сениори -86 кг – сребрен
Финале
Халдун Ахмед – Корнелиу Лиси (Молдавија) 0-3
(Претходно победа против Мите Крстев)

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON