Изабела Сипек е новото име во македонското борење (ВИДЕО)

Нешто што неколку месеци се зборуваше зад кулисите Македонскиот олимписки комитет го обелодени Изабела Сипек е новото име во македонско борење која има потекло од нашата земја, дедо и, баба и ѝ мајка и се од Македонија.
„Изабела Сипек е новото име во македонското борење!
Државен шампион на Мичиген, вицешампион на национален турнир и 33 победи во последната сезона“, напишаа од МОК!
Во своето прво официјално интервју, Сипек ги истакна своите високи амбиции и посветеноста кон остварување врвни резултати. Таа потенцираше дека нејзиниот фокус е ставен на интензивните технички и кондициски тренинзи, како и на менталната подготовка, дисциплината и превенцијата од повреди со цел остварување на јасните краткорочни и долгорочни цели.
„Со нетрпение очекувам нови предизвици и медали под македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост“, изјави Сипек, изразувајќи голема благодарност до тренерскиот тим, навивачите за поддршката и до Македонскиот олимписки комитет.



