Други вештиниПеливанско борење

Пеливаните на „Ацо Крстев“ освоија три одличја на турнирот во Чалакли, Валандово

Денес во Чалакли, Валандово, се одржа турнирот во традиционално борење на 33.Меѓународент пеливански фестивал „Пролетни веселби“.

Пеливанската федерација предводена од претседателот Хамид Бакија претседател и селекторот Ацо  Крстев се задоволни од првиот турнир на манифестацијата која се оджува четири дена.

Ацо Крстев и д-р Шенол Таир

Имаше преставници од сите клубови од Македонија, и тоа во масовен број, како и гости од Турција, Грција, Бугарија и Косово.

Пеливаните од Пеливанскиот клуб „Ацо Крстев“ од Штип освоија 3 одличја:

Даниел Манов – златен медал
Александар Миланов – златен
Кире Малцев –сребрен медал.

Клубот Ацо Крстев од Штип зема голем замав и покажува големи резултати, како на домашен терен, така и на меѓународни турнири.

Бораците на „Ацо Крстев“ продолжуваат со подготовките за наредните турнири и се кандидати за Светското првенство во Астана, Казахстан.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON