АктуелноБоксПрофесионален

Јурк славеше со најбрзиот нокаут во историјата на боксот (ВИДЕО)

Германскиот боксер Виктор Јурк стигна до победа благодарение на еден од најбрзите нокаути во историјата на боксот. Јурк пред публиката во Манхајм влезе во рингот против колумбискиот боксер Едвин Кастилјо, а борбата траеше едвај неколку секунди.

Само што беше даден знак за почеток на борбата, Јурк упати силно лево кроше директно во главата на противникот, а колумбискиот боксер се струполи и остана да лежи неподвижен.

За Јурк ова беше 14 победа во исто толку борби во кариерата, од кои 12 триумфи му се со нокаут.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON