Каратистите утре ги почнуваат борбите на Европското првенство, познато е против кого се борат

Денес беше направено жребувањето на Европското карате првенство за сениори во Франкфурт, Германија, кое почнува утре и ќе трае до 24 мај.
Противниците на нашите каратисти се од Балканот, Италија, Израел, Полска, Грузија …
Нашите претставници имаат капацитет за врвни резултати, се надевам дека ќе нè израдуваат како и многу пати досега.
На ќе настапат 599 каратисти со 492 натпреварувачки влезови од 50 држави.

На ЕП ќе судат Раде Стефановски, Валентина Пурдеска и Јетмира Дервиши.
Европско превенство – Франкфурт:

Жени
-50 кг Ива Пецевска – Ирене Конту (Кипар)
-55 кг Михаела Мишовска – Ротем Ефрони (Израел)
-61 кг Вероника Костовска – Ирене Матурано (Италија)
-68 кг Ера Коџа – Садеа Бечировиќ (Хрватска)
+68 кг Ердона Зибери – Јована Дамјановиќ (Црна Гора)
Женскиот кумите тим
Македонија – Германија

Мажи
-60 кг Недим Шаќири – Селдин Вејо (Босна и Херцеговина)
-67 кг Матеј Белистојански – Алекс Ортиз (Шпанија)/Артур Степанов (Латвија)
-75 кг Љупчо Михајлов – Брајан Прохалски (Полска)
-84 кг Реџеп Рушити – Ика Суламанидѕе (Грузија)
+84 Стефан Стојановиќ – Иван Куџинау (ЕКФ)
Машки кумите тим
Македонија – Словачка

Кати
Владанка Аврамова – Арчонтија Ксену (Грција)
Женски ката тим
Македонија – Чешка
Фото: КФМ



