Усик и Рико Верховен лице в лице пред пирамидите во Египет

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, ВБА и ИБФ, Александар Усик, и легендата во кикбоксот Рико Верховен, одржаа спектакуларно соочување во Египет само неколку дена пред нивниот голем судир.
Двајцата се соочија пред пирамидите во Гиза, каде што во сабота ќе се одржи долгоочекуваната борба. Атмосферата околу настанот беше дополнително засилена со специјалниот шампионски појас „Крал на Нил“, кој ќе му биде доделен на победникот.
View this post on Instagram
Усик објави снимки од средбата на социјалните мрежи со кратката порака:
„Лице в лице пред пирамидите“.
Во меѓувреме, „Ринг“ го покажа и специјалниот појас за настанот. Медиумот напиша:
„Александар Усик го испитува специјалниот појас на ВБЦ „Крал на Нил“, кој оваа сабота ќе биде на коцка во неговата борба против Рико Верховен “.
Судирот меѓу украинската боксерска суперѕвезда и холандскиот шампион во кик бокс ќе се одржи во Египет и веќе се опишува како еден од најнеконвенционалните и спектакуларните борби во годината.



